Партнери

Во светот на медот, секој добар вкус е резултат на добра соработка.

Paliurus.mk не е само бренд – туку заедница. Зад секое тегличе стои љубов кон природата и искрена желба да се понуди вистински, природен и чист производ.

Но без поддршката од нашите партнери, оваа приказна немаше да биде иста.

Тие не се само купувачи. Тие се поддржувачи на добриот мед, на чесната работа и на квалитетот што доаѓа од нашите пчелини семејства.


VIATOR & VEKTOR DOO SKOPJE – компанија која го поддржува пчеларството во Македонија, оваа година одлучи на своите вработени и пријатели за новогодишните празници да им подари квалитетен и здрав подарок. 


ADVANCED SOLAR SKOPJE – компанија посветена на развојот на соларна енергија во Македонија. Дел од својата добивка ја инвестира во развој на пчеларството, заштитувајќи ги пчелите како клучни за нашиот екосистем.
За новогодишните празници ги израдува своите колеги и пријатели со чисти еколошки пчелни производи од нас, локалните пчелари.

📞 Подготвени сме за разговор со вас!

Доколку сакате да станете дел од нашата медена приказна или ве интересира соработка, не двоумете се – јавете ни се!

💬 Ќе ви одговориме со задоволство, ќе ви објасниме сè што ве интересира и ќе најдеме начин како заедно да создадеме вредност.

📱Контактирајте нè директно на:

📞 077626736